Компјутерски посредувана комуникација и социјални мрежи

//Компјутерски посредувана комуникација и социјални мрежи

Компјутерски посредувана комуникација и социјални мрежи

Во рамките на реализацијата на предметот Компјутерски посредувана комуникација и социјални мрежи на 11 и 18 мaj 2017 г. во просториите на ФИКТ се реализира клиничка настава на тема „Компјутерски посредувана комуникација и дигитален маркетинг преку социјалните мрежи“. Гости-предавачи беа Магдалена Шамбевска, поранешен студент на факултетот, сега успешен директор на продажба и веб дизајнер, и Предраг Стојковски, извршен директор на ИТ компанијата “Nova Solutions” од Битола – прва дигитална маркетинг агенција во нашата држава. Претставниците од компанијата Nova Solutions во чие портфолио се вбројуваат дизајн за апликација за фудбалските клубови Chelsea и Charlton, како и европската награда за освоено второ место за најдобра мобилна апликација доделена од светскиот бренд Ericsson, пред студентите на ФИКТ ги пренесоа своите искуства поврзани со Facebook маркетингот.

By | 2018-12-03T14:24:19+00:00 мај 11th, 2017|Блог|0 Comments

Leave A Comment