Nova Solutions со бесплатни воведни предавања за графички дизајн и интернет маркетинг

//Nova Solutions со бесплатни воведни предавања за графички дизајн и интернет маркетинг

Nova Solutions со бесплатни воведни предавања за графички дизајн и интернет маркетинг

По повод 10 години од своето постоење интернет маркетионг агенцијата од Битола Нова Солутионс организира бесплатно предавање за графички дизајн и интернет маркетингот.

Овие предавања, претставуваат вовед во едномесечни предавања, кој што ќе се одржат во октомври месец.

Право на учество на обуката ќе имаат сите граѓани без разлика на возраст и пол, и како што велат од компанијата не се потреби претходни познавања од областа на графичкиот дизајн и интернет маркетингот.

-Слушателите кој што се пријавија на воведните предавања, ќе научат за основите на графичкиот дизај, кои се најновите трендови, што претставува брендинг, а што се однесува до интернет маркетингот сите кои што ќе дојдат на предавањето ќе научат што значи интернет маркетинг, кои се тие техники кои што е добро да ги користат ит. По завршувањето на воведното бесплатно предавање , учесниците ќе имаат можност да се запишат на специјализирана едномесечна обука за графички дизајн и интернет, изјави Предраг Стојковски директор на Нова Солутионс.

Предавачи на воведното бесплатно предавање ќе бидат вработените во Нова Солутионс. Учесниците на едномесечните обуку ќе добијат сертификат, диплома за завршената обука, а најдобрите ќе имаат можност да имаат платена практиканска работа во Нова Солутионс со можност за постојано вработување.

-Предавањето е за трендовите во дизајнот и со што се занимава една маркетинг агенција. Предавањето нема да биде стандардно, ќе опфати поспецифични теми што практично се значајни за самите кандидати, и кои што не би можеле да ги научат на обичен курс, изјави Мартин Цветановски, креативен директор во Нова Солутионс.

-Како обучувач ќе споделам знаења со самите учесници од аспект на тоа како маркетингот помага да се зголеми продажбата, какви маркетинг алатки можат да се користат, како интернетот денес влијае во денешницата и целокупното бизнис постоење, изјави Магдалена Шамбевска, директор за продажба и маркетинг во Нова Солутионс.

Бесплатното предавање за основите на графичкиот дизајн ќе се одржи на 19 и 20 септември , вторник и среда, а пак предавањата за интернет маркетингот ќе се одржат на 21 и 22 во просториите на Нова Солутионс.

Извор: tera.mk

By | 2018-12-03T14:49:16+00:00 септември 18th, 2017|Блог|0 Comments

Leave A Comment